речник контакт

Кој ќе биде новиот градоначалник на Велес?

Кој се законските услови, Велес во првиот круг да добие градоначалник. Гласањето за листата за советници е во еден круг

Петар Печков

Излезност од 33 отсто од запишаните гласачи е првиот услов за да  може да се очекува Велес да добие нов градоначалник. Вториот е од излезените гласачи половината плус еден да го дале гласот за еден од петте кандидати. 

Во општина Велес има запишано 46.261 гласач кои ќе гласат  на 73 избирачки места.  Или практично, за да добие Велес градоначалник во првиот круг треба да излезат повеќе од  15.087 гласачи, при што еден од кандидатите треба да има  7.544 гласа.  Или ако излезат 28.000 гласачи, за победа на  било кој од петте кандидати потребни  му се 14.001 глас. Се гласа од 7  до 19 часот. 

 И за вчерашното гласање. Во затворот во велес имаше 4 гласачи, тројца уште утрото ја исполниле нивнта граѓанска обврска. Едниот не. Така било до 19 часот, до кога Избирачкиот одбор  бил на избирачкото место и трпеливо чекал.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »